MAZDA CX-90-ЗНАМЕНОСЕЦОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

03/02/2023

Во последниот ден од јануари, Мазда го претстави моделот „ц икс 90“, знаменосецот во семејството и воедно замена за „деветката“. Веднаш да напоменеме дека во трите реда седишта може да се сместат осум патници. Сега работите се појасни за какво возило станува збор – пред сѐ семејно возило, но може да послужи и како службено возило за брз превоз на патници, на пример до и од аеродром. „Мазда ц икс 90“ е правена на новата,голема, платформа наменета за возила кои ќе нудат поголема удобност.

Оваа иста платформа ја има и моделот „ц икс 70“ кој поседува два реда седишта. Замената на „деветката“ со „90“ мора да резултира со поголеми димензии затоа што „сув“ возилото е правено да оди во погорната класа, таа наречена премиум – должина 5.064, ширина 1.968 и 1.753 мм висина, додека растојанието меѓу предната и задната оска изнесува и 2.921 мм. Новиот модел на Мазда во себе го има шест цилиндричниот турбо бензински мотор поставен по должина со зафатнина од 3,3 л.

Силината изразена во коњи е еднаква на 340, сосема солидни за тие преку „големата бара“. Овој мотор е умерено електрифициран, но има и четири цилиндричен 2,5 л. со приклучување на 17,8 kWh батерија. Комбинираната силина изнесува точно 323 КС и според Мазда и овој погон е посебно биран за американскиот пазар. Погонот сериски е на сите тркала, а силината до него се пренесува преку осумстепен автоматски менувач за двата агрегати. Мазда се одлучи на овој чекор бидејќи и беше потребен голем сув од премиум класата со кој ќе ги задоволи барањата на американските купувачи и така да земе некој процент повеќе од колачот наречен профит. Претставување беше на 31 јануари, а продажбата треба да започне во март, но точниот датумне не е прецизиран.

Првите озборувања велат дека основниот модел од новиот сув на Мазда треба да се продава по цена од околу 37.000 долари и нешто повеќе аково игра влегува дополнителната опрема.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.