Цитроен отсекогаш ја чувствувал Женевската манифестација за автомобили како свој дом, а за возврат приредувал убави моменти на својот штанд. Годинава тоа требаше да се случи со луксузната дивизија ДС, но од оправдани причини изложбата е откажана и сега секој производител на свој начин ги претставува најновите модели. ДС ја претстави лимузината „9“ која плени на прв поглед со својата елеганција. Навистина штета што елеганцијата не заблеска под рефлекторите на закажаната манифестација.
Погонската единица поседува завидни 360 коњски сили кои се пренесуваат на сите тркала, а тоа и овозможува на лимузината да се движи безбедно дури и при нагли влегувања во свиоците или изненадни заобиколувања на патот. Луксузната лимузина во својата внатрешност крие најквалитетни материјали, почнувајќи од природната кожа, алкантарата и сето тоа со нота на високата завршна доработка. Егзотич- ната лимузина со нејзините 4,95 метри и неповторливиот дизајн, сигурно ќе предизвика големи пореметувања во класата на која ѝ припаѓа. Љубителите на лимузините отсега натаму имаат прилика да бидат сопственици на нешто егзотично и и над сè несекојдневно издание на четири тркала. Сепак, си го поставуваме прашањето зошто серискиов модел не е идентичен со преубавиот концепт „цитроен дс 9“ за првпат прикажан во 2012 година на Салонот за автомобили во Пекинг?