Новиот призводител на моторни возила со седиште во Лос Анџелес, деновиве и официјално ја најави цената на неговото прво возило кое каросериски е нешто како патничко возило кое лесно може да се пренамени и како стопанско возило за превоз на материјални добра.
Малата но успешна компанија Кану пред скоро две години го претстави своето еднопросторно возило, и сега е подготвена да тргне да го произведува. Покрај еднопросторното кое е наречено „мпдв“ (повеќе наменско разнесувачко возило), производителот Кану најавува уште две, „лајфстаил викл“ и „пикап трак“. Ова се нивните описни имиња кои допрва треба да бидат заменети со имињата кои ќе бидат испишани на нивните каросерии, но најважно од сè е што компанијата започна со примање на резервации за сите три возила. Како што велат планерите првото возило кое ќе излезе од производство ќе биде повеќенаменско, еднопросторно со досега невиден дизајн – мошне смел и одличен потег на новиот производител Кану. Во возилото кое е долго точно 4.394,2 мм, конструкторите и дизајнерите успеале да го направат возилото да пренесува дури седум патници, тое е отприлика какво во „сув“ од класата на најголемите. Возилото ќе се продава за 34.750 долари, цена која во моментов е најдобрата во класата и да не заборавиме да спомнеме, возилото е на електричен погон. Со таа цена „кану мпдв“ е најевтиното возило, се разбира во својата класа.
Првите испораки од „кану мпдв“ се планирани кон средината на 2022 година, а останатите две возила ќе се продаваат од 2023. Во зависност од тоа каква опрема сакаат идните сопственици, Кану нуди четири нивоа на опременост: „деливери“ тоа се однесува на доставното возило, а останатите три се „бејз“, „премиум“ и „адвенчр“.
Што нуди секое ниво на опрема сè уште не е обелоденето, но и тоа наскоро ќе се случи. Компанијата Кану е заинтересирана да ги даде своите направи на четири тркала да бидат произведувани во туѓи фабрики, или да изгради најсовремена мини линија лесно приспособлива да произведува три модели истовремено.