Најнапред да ги претставиме трите букви, односно кратенката БЈД („билд јуар дримс“) „оствари (гради, изгради) ги своите соништа“. Тое е името на еден од петте најголеми производители во светот на електрични автомобили и наскоро повторно ќе вложува на европско тло. БЈД е кинеска марка основана во 1995 год. од милијардерот Ванг Чуанфу, кој денес има најголем дел од акциите, 23 отсто.
За изградба на производните линии во Европа, во најтесниот круг влегле три држави Унгарија, Франција и Германија. По долгите и опсежни испитувања и набљудувања, одлучено е Унгарија да биде земја домаќин каде БЈД ќе ја гради новата фабрика. Првично кинескиот производител ќе вложи скоро 135 милиони евра за изградба на фабриката, но и за подобрување на патната и железничката мрежа кои ќе бидат од витално значење, односно за дотур на материјални добра за потребите при производството. Најверојатно одговорните се одлучиле за Унгарија затоа што БЈД веќе е присутен во оваа држава со фабрика за автобуси која работи веќе неколку години.
Првите чекори на БЈД на континетов се премногу скромни, досега има продадено само 13.000 возил, но со изградбата на фабриката во Сегедин, БЈД ќе произведува годишно по 200.000 автомобили. Не се само автомобилите во прашање, туку и фабрика за производство на батерии, тоа е исто така план на БЈД. Според распоредот сѐ ќе биде остварено за околу три години.
Како што сега се одвиваат работите, Кина до крајот на оваа декада ќе го запоседне континентов, а можно е Унгарија да биде држава во која ќе вложат и други кинески производители.
Жарко Атанасоски