BMW X5& BMW X6-ДОТЕРУВАЊЕ ЗА „ИКС ПЕТКАТА“ И „ИКС ШЕСТКАТА“

17/02/2023

БМВ и натаму изненадува со дизајнот, но дали во позитивна или негативна насока, тоа ви го оставаме вам, самите да изберете. Чудниот дизајн започна со Бен Кингзли. Тоа продолжува и новите модели од БМВ ќе носат сѐ поголеми и поголеми „бубрези“. Обновувањето на серијата „икс 5“, а покрај неа и серијата „икс шестката“ донесе некои козметички измени кои треба уште две години да го задржат возилото на светскиот пазар. Малку измени во маската, затегнување на предните светла, некој раб повеќе на задниот дел и надворешните измени се завршени. Одделот за патниците е повеќе преуреден отколку надворешноста – се одело во насока да му дадат повеќе простор на луксузот, а тука се и неизбежните поголеми екрани осетливи на допир. Сето тоа така спакувано заедно со освежените погонски единици, ќе се произведува како и досега во САД во градот Спартанбург.

Групата од погонски агрегати со 3,0 литарскиот со шест цилиндри е во линија со двоен турбо компресор со 380 КС. Овој мотор доби умерена хибридна 48 волтна технологија, а таа иста технологија ја има и во 4,0 литарскиот V8 кој располага со 530 КС. Изведбата со приклучок, „икс драјв 45 е“, наречена „пхев“ располага со дури 590 КС создадени од моторот со  шест цилиндри и електромоторот. „Икс драјв 50 е“ доби батерија со капацитет од 25,7 kWh и со неа возилото може да измине околу 100 км.

БМВ не ги заборави љубителите на дизел агрегатите како што е случај со некои производители. Тој мотор со 298 КС е вграден во „икс 5 икс драјв 30 д“ и „икс 6 икс драјв 30 д“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.