BMW X3-КЛАПА IV

05/07/2024

Кога на почетокот од милениумов се појави „бмв икс 3“, веднаш истиот модел постигна неочекувано добра продажба. И така секоја генерација од „икс тројката“секогаш се наоѓаше при врвот по бројот на продадени единици. Од денешна гледна точка, „бмв икс 3“ е еден од најуспешните модели на производителот со над 3,5 мил. продадени примероци, почнувајќи од 2003 година до денес. Најновите статистики го покажуваат следново, моделот „икс 3“ е на врвот во семејството по бројот на продадени примероци во 2023 год. најпродаваното возило од БМВ за 2023 год. со над 350.000 продадени примероци.

Еве ја четвртата генерација, подолга за 34 мм, поширока за 29 и за 25 мм пониска од претходната, додека растојанието од едната до другата оска изнесува 2.865 мм, а одделот за товар има зафатнина од 570 л или 1.700 л со соборен потпирач од задните седишта. Изведбата со хибриден погон има за 110 л (460 л) помал простор, односно 100 л помалку или 1.600 л. Што значи ова со хибридната изведба? Тоа значи, БМВ и натаму има модели исклучиво со бензински и исклучиво со дизел мотори. Што е најдискутабилно и неразбирливо за денешнава „мода“, врвен производител на автомобили сѐ уште произведува модели со дизел мотори.

Дали навистина тие се најголемите загадувачи или нешто друго е во прашање (мислиме на дизелите)? „Икс 3 20 д икс драјв“ со 197 КС, тоа е таа дизелска изведба што ја нуди БМВ. Бензински има две „икс 3 20 икс драјв“ со 190 КС и „икс 3м 50 иКС драјв со 381 КС, а хибридната со приклучок носи ознака „икс 3 30 е икс драјв“ со 190 КС плус електромотор со 184 КС. Комбинираната силина е еднаква на 299 коњи. Со возење исклучиво на „струја“, оваа изведба изминува околу 85 км.

Сите погонски единици имаат умерена хибридна технологија, со исклучок на „икс 3 30 е икс драјв“, а за пренос на силината до сите тркала одговорен е автоматски менувач со осум преноси наречен „стептроник“. Дизајнот? Севкупната слика е повеќе од препознтлива, дури и преголемите карактеристични отвори се во склад со останатите од семејството. Всушност четвртата генерација го наследува дизајнот од претходните модели. За цената и останатото обратете се кај увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.