BMW-Новата „четворка“ и новото лице

11/06/2020

Минхенците истрчаа на теренот со новата „четворка“. Натамошното пишување е невозможно ако веднаш не се спомне неговиот малку чуден преден дел. Маската каде отсекогаш доминирале симетричните отвори кои се попознати како „бубрезите“, некако двои од севкупниот дизајн. Да појасниме, некогаш БМВ имал такви „бубрези“, издолжени, многу издолжени, но сето тоа било во склад со тогашниот дизајн, овие денешниве отскокнуваат од дизајнот. Добро, тоа е нашето видување на нештата, а за деталите наскоро ќе се изјасни дизајнерот затоа што досега сигурно има стигнато еден куп прашања на негова „адреса“.

Купето со поголеми димензии од претходната генерација, располага со 4768 мм должина, 1852 мм ширина, додека меѓуоскиното растојание е зголемено за 41 мм и сега изнесува 2851 мм и е високо  1383 мм. Возилото во должина „пораснало“ за 128 мм, 27 во ширина и 6 мм во висина. И покрај зголемените димензии новата „четворка“ е пониска од соодветната лимузина од која потекнува за 57 мм.

Конструкторите велат дека купето добило дополнителни зацврстувања на платформата со што е подобрена стабилноста на правците, но воедно и постабилни и побрзи излегувања од свиоците.

Ќе се вградуваат и бензински и дизел мотори, а ќе има и од тие со 48 волтната  технологија  наречени благо хибридни, електричен погон кој дава дополнителни 11 КС кои се многу употребливи во момените на претекнување.

Познатиот „м спорт“ пакет, исто така, е во понуда каде најзначајна придобивка е поинаквото обесување на тркалата, а потоа доаѓаат 18 инчни пневматици на сосема нови алуминиумски тркала, повеќе детали на предниот и задниот дел, но и внатрешноста е во служба на спортот и спортските детали.

Со новото купе сè е во ред, единствено што ние сме изненадени од дизајнот на маската и сега реагираме некако чудно. Не сме навикнати на новиот изглед, затоа негодуваме, но сè во свое време.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.