Работите во автомобилската индустрија се испревртуваат. БМВ најави електричен погон за „четворката“, но не беше конкретен дали погонот ќе биде целосно електричен, хибриден, или, пак, со оној умерен (48 волтен) хибриден погон. При првичното претставување на „четворката“ во 2020 година, најавија дека купе изведбата ќе поседува мотор со над 500 КС. Ако е така, а така е, тогаш БМВ го посочува громогласниот V8 мотор кој има способност да го понесе возилото до 100 км/ч тргнувајќи од место за 4,0 секунди.
И сега се прашувате зошто на почетокот напишавме дека работите во автомобилската индустрија се изместуваат. Сега ќе објасниме. Киа најави спортски модел со силина доволна да предизвика забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3,5 секунди, но нагласува дека автомобилот нема да биде од рангот на „м“ серијата од БМВ. Нешто подготвуваат, но никој ништо не кажува што точно ќе претстави.
Светската премиера на електричниот „бмв м 4“ ја очекуваме годинава во последните денови од јуни и почетокот на јули.
Жарко Атанасоски