BMW IX5 HYDROGEN-БМВ ПРЕМИНУВА НА ВОДОРОД

17/03/2023

БМВ го претстави своето прво возило кое како гориво користи водород. Но, можеби и не е прво. Кога зборуваме за водородот сигурно се сеќавате на „седумките“ кои своето патување по светот го почнаа од Саудискиот Полуостров, една од неколкуте светски лулки на нафтената индустрија. Така беше пред повеќе од 20 години, но тие возила немаа батерии и електромотори, туку класика V12 мотор со зафатнина од 6,0 л способен во себе да согорува водород наместо бензин. Тоа е веќе историја, но и денес некои фабрики експериментираат со ото и дизел мотори кои користат водород наместо фосилни горива.

Моделот „и икс 5 хидроген“ е возило кое не е за продажба. Претставено, а не е за продажба, делува малку збунувачки, зарем не!? Да, веќе добро познатиот сув сега користи водород, но сѐ уште е во фаза на испитување и тестирање така што производството е строго ограничено за фабрички потреби. БМВ цели четири години работеше на ова што деновиве го претстави и, од време на време, ќе нѐ известува за постигнатите резултати. Ако е возилото електрично, не мора да биде на „линија“ батерија и гајтан, туку може да биде водород и батерија која ќе се полни преку регенерација.

Овој вид погон најмногу го развива Тојота со која БМВ соработува токму на оваа проблематика уште од 2013 год. и затоа сега горивните ќелии ги има позајмено од Тојота. Сѐ на сѐ, „бмв и икс 5 хидроген“ ќе патува низ секакви краишта и сето тоа ќе биде бележено, за потоа да биде доработено од конструкторите. Потребни се само 6,0 литри водород за „икс петката“ да измине 500 км. Водородот се чува во два резервоари, но под притисок од дури 700 бари и како што вели БМВ дополнувањето трае од три до четири минути, слично како да е бензин или нафта. Кога изведбата „хидроген“ ќе биде пуштена во продажба сѐ уште е рано да се дадат прогнози.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.