BMW 1 – НАСКОРО НОВИОТ „КЕЦ“

21/06/2019

Годинава, на есен, Франкфурт е градот каде ќе се собере целата светска автомобилска индустрија. БМВ не случајно го избира домашниот терен за премиерното претставување на третата генерација од популарната серија 1. За првпат серијата „1“ се појавува во 2004 година и оттогаш до денес се продадени над 1,3 милиони примероци, од кои најмногу во својата земја, дури 25 отсто, потоа во Британија 20, а натаму следат Италија, Франција и Јапонија како петте најголеми купувачи. Со неговите 4.319 мм во должина, новиот модел е за пет милиметри покус, но затоа е поширок за 34 мм и сега ширината изнесува 1.799 мм, додека висината која сега има 1.434 милиметри, е за 13 мм зголемена. И во меѓуоскиното растојание има измени, покусо е за 20 мм (2.670 мм). Производителот ќе нуди пет пакети на опрема, „адвентиџ“, „спорт лајн“, „лакшери лајн“, „м спорт и „м 135“ и „иск драјв“, а во некои од нив и моторите се поинакви, поснажни.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.