EURO NCAP ГИ ОБЈАВИ ПРЕТПОСЛЕДНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА ОВАА ГОДИНА. ГРУПА ВОЗИЛА БЕА ТЕСТИРАНИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРОТОКОЛИТЕ 2018-2019 ШТО ДОАЃААТ ДО СВОЈОТ КРАЈ. TESLA MODEL X, PORSCHE TAYCAN, AUDI Q7, RENAULT CAPTUR, SUBARU FORESTER, SKODA OCTAVIA, FORD MONDEO И FORD KUGA ГИ ДОСТИГНАА ПОСАКУВАНИТЕ ПЕТ ЅВЕЗДИ. PEUGEOT 2008 БЕШЕ ТЕСТИРАН СО ОПЦИСКИ БЕЗБЕДНОСЕН ПАКЕТ И СО СТАНДАРДНА БЕЗБЕДНОСНА ОПРЕМА ДОСТИГНУВАЈЌИ ПЕТ И ЧЕТИРИ ЅВЕЗДИ СООДВЕТНО. ДООПРЕМЕНИОТ VW SHARAN И БЛИЗНАКОТ SEAT ALHAMBRA ДОБИЈА ЗАСЛУЖЕНИ ЧЕТИРИ ЅВЕЗДИ, А СО НОВИОТ ИЗГЛЕД JEEP RENEGADE ДОБИ САМО ТРИ.
Најистакнат претставник во оваа рунда без двоумење е Tesla Model X, со постигнати 94% во безбедносната асистенција, ист резултат како Model 3 минатата година. Ова ги прави моделите на Tesla најбезбедни возила во овој дел, тестирани во согласност со новите протоколи Euro NCAP. Скоро надградениот Model X, исто така, достигна импресивни 98% во заштитата на возрасни патници, со што стана главен кандидат за најдобар во класата за оваа година.
Уште еден модел во кој беа вперени погледите беше Tayca, првиот комплетно електричен модел на Porsche, возило што се смета за главен конкурент на Tesla Model S и Jaguar I-PACE во сегментот на електрични седани. Додека Taycan претставува електрично возачко искуство со високи перформанси и го таргетира високиот сегмент на пазарот на потрошувачи, значајно е тоа што ги обезбеди и сите пет ѕвезди во безбедносните тестирања.
Skoda Octavia, Renault Captur, Ford Kuga и Audi Q7 имаа солидни резултати во повеќе категории во согласност со димензиите. Peugeot 2008 ја дели истата платформа со другите модели од групацијата PSA, како што се втората генерација на DS3 Crossback и Opel Corsa, чии резултати беа објавени порано оваа година. Peugeot 2008, како и DS3, нуди опциски пакет „Безбедност Плус“ во сите варијанти, што вклучува радарски сензор заедно со стандардната камера и му овозможува проширени капацитети AEB на возилото. Новиот Subaru Forester, исто така, генерално, понуди добри перформанси докажувајќи ги своите фамилијарни референции со одличен резултат во заштитата на децата патници. Со своите пет ѕвезди Forester ја комплетираше целата добитничка понуда на јапонскиот производител.
Volkswagen Sharan и неговиот близнак SEAT Alhambra ни се познати веќе неколку години. Како и да е, VW заврши одлична работа со одржувањето на нивото на безбедност, со додавање на компонентите AEB и лимитерите за товар на задните појаси за безбедност. Резултатот сѐ уште е компетитивни четири ѕвезди и овие возила се меѓу ретките што нудат i-големина компатибилност на сите задни седишта и интегрирана заштита за деца како опција во вториот ред. Ова ги прави да бидат идеален транспорт за големи фамилии.
Респектираниот Mondeo, исто така, е надграден со AEB и со заштитни компоненти на задните седишта и појаси за безбедност и нуди ниво на безбедност со кое им парира на повеќе понови возила. За разлика од него, Jeep Renegade со новата маска сѐ уште нуди AEB само како опција и оваа година останува единствено возило со резултат понизок од четири ѕвезди.
Мишел ван Ратинген, генералниот секретар на Euro NCAP, изјави: „Честитки за Tesla и за другите модели со пет ѕвезди, но не само за презентираните најдобри перформанси во тестирањата туку и за овозможувањето достапност на безбедносните системи како стандард на целиот европски пазар. Добро е да се видат и производителите – во овој случај Ford и Volkswagen– со стандардна опрема AEB и со одржување на нивото на безбедност и за постарите модели на возила како придобивка за своите корисници. Штета што сите не го следат овој пример и со давањето приоритет на изгледот пред суштината Jeep заврши на дното на листата за оценети возила за оваа година. Добрата вест е дека од кога било претходно консументите имаат поголем избор во однос на безбедните алтернативи што им се нудат.“