ШТО НАЈМНОГУ ВИ ГО ОДЗЕМА ВНИМАНИЕТО ДОДЕКА ВОЗИТЕ, ВО ШТО НАЈМНОГУ СЕ ЗАГЛЕДУВАТЕ? ОВА СЕ ПРАШАЊА НА КОИ НАЈЧЕСТО НИ САМИТЕ ВОЗАЧИ НЕ ЗНААТ ВЕДНАШ ДА ОДГОВОРАТ.
Возачите со тек на време во својот возачки стаж развиваат некои лоши навики од кои подоцна тешко се одвикнуват, а тие навики некогаш можат многу скапо да ги чини.
Во секојдневието се случуваат сообраќајки поради недисциплината или поточно недоволното посветување внимание на возењето. Што им го одзема најмногу вниманието на возачите во денешно време?
Испитувањата кажуваат една многу голема и воедно вистинита занимливост. Не постои возач кој нема да го заинтересира следниов податок, а се зборува за „слепата точка“ или возењето на слепо. Поради лошите навики стекнати со текот на годините, возачите сè повеќе си дозволуваат да го тргнат погледот од патот и да посветат внимание на нешто друго во или надвор од автомобилот. Ако само на две секунди го тргнете погледот а притоа се движите со брзина од 50 км/ч, вие заедно со возилото ќе изминете пат во должина од 27 до 28 метри. Во тие две секунди или 30 метри може се да се случи, буквално сè. А зошто да е така? Само поради вашата негрижа и лошите навики? Возачите кои мислат дека можат да вршат и друга работа додека возат автомобил, односно дека можат да возат на слепо неколку мигови, се лажат самите себе си.
• При неколку испитувања во Британија, најголем дел од возачите, се изјасниле дека најмногу внимание им одземаат децата, односно поради нив го тргаат погледот од патот по кој возат. Нивните експерти даваат неколку совети како да постапите со децата доколку тргнете на пат со нив. Според нив, на децата треба да им подготвите некои игри за кои не е потребна директна помош од возачот. ДВД плеерите и дигиталните играчки се како створени за децата додека патувате, но подобро е децата да имаат и слушалки, бидејќи звуците од играчките и плеерите може исто толку да ви одземе внимание како и џагорот на децата. Оставете им на задните седишта доволно количество храна и напитоци, но не заборавајте ги најлонските кеси во случај да им се слоши од патувањето. Застанувајте почесто за да можат децата „да одморат од постојаното седење. Во никој случај не се вртете назад да се справувате со нивните кавги. Најдобро е веднаш да најдете безбедно место за застанување и дури потоа да се справите со малите проблеми.
• Како втор виновник за одземање внимание, возачите го посочуваат радиото, односно менувањето на радио станицата. На истото место се наоѓаат и патниците од задната клупа. Тие заедно со радиото се виновници број два на топ листата.
• Третиот „виновник“ е мобилниот телефон. Потоа следи навигацискиот уред. Тој е четвртата најголема причина поради која возачите го тргаат погледот од патот.
• Не е мал бројот на возачи кои се загледуваат во некоја привлечна личност – особено посилниот пол се „вртат“ по привлечната женска популација, а помал е процентот на дами кои се вртат по машката популација. Излозите од про-давниците и рекламните паноа се причина за неколку секундното „замижување“ на возачите, од нив ги „снимаат“ шаренилата од излозите и паноата.
Ретки се возачите кои до крајност се посветени на возењето и не оставаат ништо на случајноста. За таквите возачи важи правилото, на прво место безбедноста, а потоа се останато. Кај нив нема колебање и двоумење. Да се сите како нив кога се зад управувачот тогаш безбедноста ќе биде подигната на највисоко можно ниво.