BENTLI-Обновување на најпродаваниот модел

06/07/2020

Неверојатно, но вистинито, откако „бентли бентајга“ се појави на светскиот пазар, производителот продаде 20.000 примероци од рачно направениот „сув“, што е резултат за паметење и почитување, затоа што токму овој „сув“ е најскапиот, најлуксузниот и како што веќе најавивме најпрофитабилниот. Занимливо, зарем не!? Луксуз од највисока класа да биде продаден во толку голем број примероци. Бентли никогаш досега не продал 20.000 возила за време од три години, а сега само „сув“ моделот учествува во броењето, но не и останатите возила во гамата.

Откако производителот ја увиде полезноста од моделот „бентајга“, годинава реши да го обнови, редизајнира. Новиот модел можеби ќе се појави на пазарот на почетокот од следната година. Негови главни дизајнерски измени се: маската која добива на агресивност посебно со долниот дел каде најприметливи се отворите за воздух, главниот среден и страничните, потоа капакот од моторот има поинакви прекршувања, спојлерот од покривот е поголем, нов издув, нова табла со инструменти со дигитални „мушички“, поголем екран, 10,9 инчи осетлив на допир, 22 инчните тркала имаат нов дизајн, задни седишта со вентилација, повеќе простор за колената за патниците од задните седишта, односно плус 10 сантиметри, посебен прочистувач и јонизатор на воздухот, палетата од  бои добива две нови, предните и задните светла имаат нов изглед итн.

Агрегатите започнуваат со 4,0 литарскиот V8 примерок кој во себе има вграден двоен турбо компресор и со него развива 550 КС. Подоцна ќе се приклучи и хибридниот погон комбинација од 3,0 литарски V6 и електромотор, а најголемиот по зафатнина со двојно V и 12 цилиндри со вкупна работна зафатнина од 6000 кубни сантиметри најверојатно нема да биде во понуда на континентов. Цената, датумот и местото на првичното претставување пред светската јавност сè уште не се објавени.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.