Бентли Бентајга – Брзиот „Џони“

03/03/2019

Бентли, славната британска автомобилска компанија, отсекогаш посветувал должно внимание кон големите брзини, а моделот „бентајга спид“, е уште еден од многуте докази. Конструкторите велат дека ова е најбрзиот „сув“ на планетава, а како не би бил кога во себе има W12 мотор со работна зафатнина од 6,0 литри и дури 635 коњски сили.


Сето ова е доволно возилото да постигне рекордни 3065км/ч ( што е за 0,8 км/ч побрзо од претходниот рекорд кој го држеше Lamborghini Urus) додека забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 3,9 секунди. Системот за сопирање е снабден со керамички дискови кои издржуват топлина до неверојатни 1000 С степени и воедно се полесни од челичните високолегирани за цели 20 кг.


За луксузот и раскошот не треба воопшто да отвораме дискусија. И да немаат нешто што вие сте го замислиле, бидете сигури дека ќе го створат и ќе ви го продадат. Затоа бесмислено е да пишуваме за тоа какви материјали се употребени при изработката на внатрешноста и возилото воопшто. Сепак за информација почетна цена на овој луксузен теренец е 200.000 долари.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.