Bentley Continental GT – Бентли и неговиот Гран Туризмо „топлес“

04/01/2019

Отсега натаму ќе имате прилика меѓу останатите автомобили да го одбирате за купување и најновото чудо од Бентли, моделот „континентал гт конвертибл“. Ова е третата генерација на отвореното купе од надалеку познатата марка Бентли и моделот „континентал гт“. За почеток, автомобилот ќе ви понуди шест литарски бензински мотор со 12 цилиндри поставени во двојно V, односно W. Погонската единица располага со 635 КС кои се пренесуваат на задната оска преку автоматска осумстепена менувачка кутија со двојна спојка. Затоа нека не ве чуди што сказалката од брзинометарот застанува дури на бројката 333 (км/ч).

Овие и на него сличните автомобили имаат мотори од кои боли глава, а за нив тоа е сосема нормално, нешто највообичаено. Класиката од луксуз е надополнета со бирањето боја на автомобилот, неговата внатрешност и секако на подвижниот „платнен“ покрив. Нели, не знаат во Бентли да направат цврст и затоа направиле платнен. Конструкторите и останатите во фабриката љубоморно ја чуваат и се грижат за традицијата, нивната вечно модерна класика, затоа покривот бил, е и во иднина ќе биде платнен.

Да пишуваме за опремата, таа дополнителната, за сериската и за електрониката која се грижи за безбедноста за возачот и сопатникот, но и за останатите учесници во собраќајот, тоа е повеќе од губење време. Егзотиката секогаш во себе имаа сè што можете и сè што не можете да замислите, затоа „бентли континентал гт конвертибл“ ќе чини околу 270.000 долари со спомнатиот мотор. Зима? Нема зима за отворениот Бентли во купе изведба, на планетава има места каде зимата не постои, а таму каде има и таму ќе го возат.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.