Да не се чудите кога ќе ви кажат, „во Кина има многу производители на автомобили“. Сте слушнале некогаш за марката Баојун? Оваа марка, во април на Салонот за автомoбили во Шангај, за првпат пред светот ќе го претстави моделот „јеп“. А што е моделот „јеп“? Мини „сув“ со должина слична на „фиат пандаI“, додека висината и ширината се идентични со тие од „сузуки џимни“. Малку простороставиле конструкторите за патниците од задните седишта, а уште помалку во одделот за товар.
Но за типично градско возило, димензиите се повеќе од добри. Ако можеа со „фиат панда“ да го вртат цел свет, можат и со „баојун јеп“ (или „баоџун јеп“). Велат погонот ќе биде на задните тркала, а веднаш потоа ќе стаса и изведбата со два електромотори, по еден за секоја оска и тогаш погонот ќе биде на сите тркала. Каросеријата има солидно големо растојание до подлогата и кога на оваќе се додаде погонот на сите тркала и соодветни пневматици, малото градско возило се претвора во, да речеме, лесно теренско возило. Безмалку 3,4 (3,38) м должина, ширина 1,68 м, висина 1,72 м, со растојание меѓу оските од 2,11 м и тежина од точно еден тон – тоа се димензиите на „баојун јеп“ (или „баоџун јеп“).
Неколку слики, малку информации и тоа е сѐ за почеток, а повеќе информации ќе следат во деновите пред премиерата или на денот на премиерата за симпатичното „џипче“. Сега да почекаме и во април да ги добиеме целосните техничкиособини за малото „сув“ возило од марката Баојун (или Баоџун).
Жарко Атанасоски