По 16. пат 86 новинари од 24 земји ќе избираат Автомобил на годината во светот за 2020, а покрај тоа признание ќе бидат доделени уште пет. Организаторот на манифестацијата Автомобил на годината во светот, отвори ново поглавје, односно новиот избор веќе е отворен, а досега се пристигнати 31 кандидат.
Оваа година блескавото признание го понесе „јагуар ај пејс“, а покрај тоа доби уште две други признанија, за најдобар дизајн и најзелено возило, вкупно три. Досега не се случило еден луксузен автомобил да биде толку надмоќен над останатите кандидати.
.
Годинава жирито ќе избира нај автомобил на годината, луксузен, спортски, зелен, автомобил со најдобар дизајн и градски автомобил на годината. Вкупно шест признанија. Изборот ќе се одвива на следниов начин, најнапред 86 новинари во ноември ќе има тест возење на кандидатите автомобили. Потоа наредната година на крајот од јануари жирито ќе гласа за своите фаворити.
На почетокот од февруари ќе бидат објавени списоците со финалистите во сите пет категории, а на Салонот за автомобили во Женева ќе бидат познати првите три во секоја категорија.
Победниците по категории ќр бидат претставени на церемонијата и прес конференцијата кои ќе бидат отворени на автомобилската манифестација што се одржува секоја година во Њујорк во месец април.
Со нови збиднувања од светскиот избор за автомобил на годината се „гледаме“ во февруари кога жирито ќе ги објави пошироките списоци со финалистите во сите категории.
Во продолжение еве го списокот кој засега брои 31 кандидат:
|