AUDI-ПРИСТИГНА СПОРТСКИОТ И ЕЛЕГАНТЕН AUDI Q5 SPORTBACK

21/07/2021

Audi Q5 Sportback пристигна во нашите салони и зрачи со моќно присуство што е типично за моделите Q од Audi. Големи отвори за воздухот стојат на октагоналната единечна предна рамка. Предните фарови со нивната карактеристична дневна светлосна сигнализација се одликуваат со LED или опционална технологија Matrix LED. Континуираната, елегантно моќна линија на страниците ги нагласува тркалата, а со нив и погонот quattro на сите тркала. Страничните контури на вратите влеваат стабилност и робустност на новиот SUV.  Кровната линија се протега ниско до крајот на возилото и многу рано почнува со наклонот, така што третиот страничен прозорец нагло се намалува кон крајот на задниот дел. Остро закосеното задно стакло и навидум високо поставениот заден браник му даваат на Q5 Sportback динамичен и моќен изглед. Audi ги нуди задните фарови со иновативна дигитална технологија OLED. Секоја светлосна LED-група вклучува три диоди што емитуваат светлина и зрачат во особено хомогена црвена боја. Секоја LED-група е поделена на шест сегменти што може да се контролираат поединечно. Клиентите можат да изберат од три задни светлосни потписи при нарачување на своето возило, а секој вклучува динамично сценарио за осветлување во функцијата „Coming Home/Leaving Home“.

Дополнителната спортска графика се прикажува кога е избран режимот „Dynamic“ во системот за избор на режим на возење. Ако друго возило се приближи на помалку од два метра до задниот дел на Q5 Sportback, сите сегменти OLED го зголемуваат осветлувањето, обезбедувајќи лесно забележување. Audi го нуди новиот купе SUV со пакетите за опрема Advanced или S-Line. Разликите се во решетката singleframe на предниот дел, страничните отвори за воздухот и особено задниот браник. Постојат 12 бои и различни елементи за додатоци што може да ги изберете, на пример, Black Пакет. Долгото меѓуоскино растојание од 2,82 метра обезбедува доволно простор во внатрешноста и багажен простор со волумен од 510 литри што се зголемува до 1.480 литри со преклопување на задните седишта. Со своите хоризонтални линии, ентериерот е елегантен и просторен. Внатрешните пакети на опрема „Design“ и „S-Line“ му даваат уште поелегантен или спортски изглед. Тие доаѓаат во широк избор на бои и материјали за тапацир, вклучително и врвна квалитетна кожа напа. Понудата започнува со 150 kW (204 кс) 2.0 TDI мотор, кој сега може да влече приколка со тежина до 2,4 тони. Кровни шини се опционално достапни, како и Hill Descent Control за дополнителна безбедност. Стандардната спортска суспензија нуди директен контакт со патот, а достапна е алтернативната адаптивна воздушна суспензија.

За контролите, дисплеите и инфозабавата, Q5 Sportback ја презема третата генерација на MIB3. Дигиталниот Audi виртуелен кокпит Плус со 12,3-инчен дисплеј и главниот дисплеј, исто така, се главен дел од инструмент таблата. Мултифункционалниот волан Плус овозможува безбедно и едноставно ракување со најважните функции и дисплеи. MMI навигацијата Плус, зедно со инфозабавниот систем е поврзан со 10,1-инчен дисплеј на допир. Неговата гласовна контрола со природен говор го користи знаењето од интернет-поврзувањето и може да се активира со изговарање „Еј Audi“.

Многу поставки за возилото може да се зачуваат во индивидуални профили на корисници и да се зачуваат на порталот на клиенти myAudi. Хардверски модули се достапни по избор, како што се телефонската кутија Audi или 3D Premium системот за озвучување Bang & Olufsen што го дополнуваат системот за инфозабава.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.