Eден модел повеќе изведби, да има разноврсност во гамата од производи, возила во случајов. Неодамна Ауди го претстави преку фотографии својот најнов модел „а1 ситикарвер“. Основата на овој сув кросовер е моделот „а1“. Со димензии од 404 сантиметри должински, „а1 ситикарвер“ е припадник на класата типични градски возила, но не само според димензиите, туку и според дизајнот кој рака на срце е допадлив и ќе им запне за око на многумина купувачи, особено на младите. Неговиот товарен простор не ветува, има само 335 литри на располагање, но затоа внатрешноста е повеќе од удобна, посебно за тие што се возат на задната клупа.
Палетата од сериска и дополнителна опрема во внатрешноста зависи од пакетот кој ќе го одберете: адвансед, дизајн селекшн и ес лајн.
Исто така, и палетата од погонски единици е една од најбогатите во класата, а секако ќе има и посебни мотори за посебни пазари, сето тоа во зависност од барањата на купувачите и големината на пазарот.