ARIEL HIPERCAR-СУПЕР ЛУКСУЗОТ НЕ СТИВНУВА

09/09/2022

Британската компанија Ариел Мотор стана позната во светот по компактниот и лесен спортски автомобил наречен Атом, иако производната програма на компанијата ги вклучува и баги Nomad и спортскиот велосипед Ace.

Овој пат Ариел нуди нешто ултра брзо, моделот „хиперкар“, кратенка од „HI-gh PER-formance CA-rbon R-eduction“. Штом е така тогаш имаме работа со електричен автомобил во кој свој удел има добро познатата работилница Косворт. 800 волтна литиум јонската батерија потекнува токму од оваа работилница. 1.197 КС и 1.800 Нм се доволни за забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,09 секунди. Погон на сите тркала со четири електромотори, или со два електромотори и половична силина со погон само на задната оска. Батеријата има уред за надополнување преку работата на една мала турбина, така што крајниот досег на автомобилот е околу 1.000 км. Вредно за спомнување е тежината од само 1.500 кг. Колку за споредба „порше тајкан турбо с“ тежи 2.500 кг, односно еден тон повеќе.

Цената не е објавена, но сигурно ќе биде седумцифрена и производството ќе биде ограничено, а примероците ќе бидат продадени на однапред одбрани купувачи, веќе познати на работилницата Ариел. Супер луксузот не стивнува, напротив и натаму е водечки во светот по бројот на продадени единици, поточно по големината на профитот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.