Во мај 2019 година, ADAC ги објави резултатите од своите компаративни истражувања за понудите на онлајн авионски билети, откривајќи дека дополнителните трошоци поврзани со резервацијата на евтини летови, кои се однесуваат на багаж или резервација на седишта, се зголемуваат.
Истражувањето се фокусираше на дополнителните трошоци за воздушен сообраќај (избор на седиште, багаж и сл.) на 12 авиокомпании кои ги сервисираат популарните дестинации за одмор во Италија, Шпанија, Грција и Турција. Студијата откри значителни разлики во цените во сите категории на трошоци. Кај 4 од 12-те авиокомпании, следната повисока цена за авионска карта, која вклучува повеќе услуги, всушност беше поефтина од најниската цена на авионскиот билет плус дополнителните трошоци кој тој ги носи.
За да избегнат непријатни изненадувања, ADAC им препорачува на туристите да проверат дали следната поскапа понуда не е сепак поевтина од најниската авионска карта плус дополнителните трошоци. Кога станува збор за багаж, ADAC сугерира да се избере опција за чекирање на багажот он-лајн, бидејќи таксата при пријавувањето е обично повисока и да се внимава багажот да не ги надминува дозволените мерења и / или тежини.