Абарт најавува освежување на моделот 500 и нагласува дека подготвил наједноставна програма за конфигурирање на нарачката. „Абарт 595“ или „абарт 695“, потоа треба да изберете „туризмо“ или „компетиционе“ и на крај бирате боја.
Опременоста во кабината не е толку важна бидејќи „туризмото“ е „накитено како елка“ и има сѐ, додека „компетиционе“ и самото име кажува, е изведба која нуди натпреварувачки амбиент збогатен со тркачки седишта, карбонски, од марката Сабелт.
Кога сме кај боите, Абарт нуди нова од тие тркачките, загасита портокалова (Orange Racing), инспирирана од Fiat 131 Racing Volumetrico Abarth од 70-те. Моторот останува ист, 1,4 литарски со турбо компресор.
Жарко Атанасоски