Дојде и тоа време легендата Абарт да ја видиме во електрично издание. Сето тоа се случи на автомобилската изложба во Лос Анџелес. Од кога тие преку „големата бара“ станаа љубители на мали градски автомобили (?), та сега Абарт им прави чест со електричната „петстотка“ со шкорпионче во заштитниотзнак. Електромоторот со силина од 153 КС ги задвижува предните тркала. Таа силина е распределена во три режими на работа ако така можеме да кажеме – „туризмо“ режим во кој силината е намелена, но затоа возењето е лежерно со повеќе изминати километри. За тие спортски настроените наменет е „шкорпионстрит“.
Е сега не се изоставени ниту тие со тркачки дух, производителот нуди трета опција, односно „трак“ (тркачка патека). За оваа изведба шасијата е до-полнително доработена, односно изменета. Севкупно, моделот „500 е“ има по- ниско тежиште и е поширок и подолг за точно 61 мм а, исто така, е зголемено и меѓуоскиното растојание за 20,3 мм. Иако овој електричен „абарт“ има 153 КС, сепак е поубедлив во забрзувањата од бензинскиот со 177 КС, тоа го докажуваат резултатите од тестирањата на патеката Балоко, електричниот е за цела секунда побрз од бензинскиот.
Жарко Атанасоски