Еден цртеж на кој е прикажано задното крило, стаклото од патничкиот оддел и дел од стоп светлото. Тоа е сè што Хонда подготви во пресрет на светската премиера на третата генерација од моделот „хр-в“, која е закажана за 18 февруари. Од цртежов не може ништо да се каже за дизајнот или за било што друго. Спомнатиот модел мора да биде во чекор со конкуренцијата („митсубиши а с икс“, „киа селтос“, „хјундаи кона“, нисан кашкаи“ итн.) и затоа возилото ќе биде од корен ново. Ќе биде задвижувано од хибриден погон и според првите „озборувања“ моторот со внатрешно согорување има зафатнина од 1,5 литри (веќе познатиот и – втек), додека електричниот погон го сочинуваат два електромотори. Во зависност од пазарот за кој ќе биде наменета третата генерација „х р – в“, во моделот ќе се вградуваат две менувачки кутии, обична и автоматска кои ќе вршат пренос на силината на две, односно четири тркала. Цената не е објавена, но сигурно моделот со погон на сите тркала ќе биде меѓу поскапите изведби. Да почекаме до 18 февруари кога ќе бидат обелоденети сите податоци за новиот хондин сув „х р – в“.
Жарко Атанасоски