Киа и натаму го изненадува светот. Тоа е компанија која во последнава деценија прави супер пробив како на светскиот така и на европскиот пазар и како што велат бројките, работата на оваа марка автомобили оди во нагорна линија. Откако ги сумираше резултатите за минатата година, не седна да одмори, туку продолжи со работа и во првите три – четири денови од новава година повторно приреди изненадување, го претстави новото лого на компанијата и новото мото кое се преведува како „движење кое инспирира“, додека, пак, старото мото беше „силина за да изненади“.
Возилото на кое беше за првпат испишано новото лого е концептот „киа имеџн“ претставено во 2019 година на Салонот за автомобили во Женева. При претставување на логото пред светската јавност биле лансирани 303 огнометни ракети, а спектаклот можел да се види и на далечина од скоро 10 километри. Ваков огномет светот досега не видел, а се одвивал во кругот на матичната фабрика. Велат дека огнометот организиран по повод претставувањето на новото лого и новото мото, е веќе влезен во Гинисовата книга на рекорди
Жарко Атанасоски