RENAULT-Пристигна кангу V

26/11/2020

Некогаш овие возила со изразито нагласена двопросторна каросерија не беа интересни за пошироката јавност посебно во времето кога се појави, на пример: „симка ван“, „талбо ранчо“ („матра ранчо“) со нејзината креација предвесник на „кангуто“ и на останатие од класата. Овој тип возила се најпрактични и најрационални меѓу сите возила, но Симка и таквите како неа од тоа време немаа блескава иднина како сега што имаат кангу и компанија. Најверојатно од сето ова ќе произлезе „сè во свое време“.

Сега спомнатите двопросторни возила се меѓу најбараните, односно ова се нивните „две“ минути. Затоа Рено го негува својот модел „кангу“, претставувајќи ја петтата генерација на почетокот од втората половина на месец ноември.

При првичното претставување одговорните најавија неколку изведби, првата онаа класичната „кангу“, по неа следи „кангу ван“, „кангу зе“ на електричен погон и „кангу“ со зголемено меѓуоскино растојание. За секого по нешто, кому за каква намена му е возилото.

Сосема нов дизајн чија главна одлика е компактниот изглед, нови седишта, новата внатрешност потсетува на лимузинските, внатрешност која сега е поорганизирана и поблиска со својата ергономија до возачот и патниците, а за рационалноста и практичноста да не зборуваме. За што поголема удобност Рено смислил неколку занимливи потези во внатрешноста како што е едноставното „жонглирање“ со седиштата кои сега се со врвна удобност и во нив можат да се сместат пет возрасни лица.

Две величини – помалата изведба толкувана како стандардна нуди товарен простор од 3,3 до 3,9 кубни метри, додека изведбата со поголемо меѓуоскино нуди од 4,2 до 4,9 м3 товарен простор. Изведбата наменета исклучиво за преност на материјални добра, таа со поголемото меѓуоскино растојание, располага со 3,7 м3 товарен простор – малку повеќе од конкуренцијата „дас ауто“ кој располага со 3,1 м3.

При претставувањето производителот не спомна речиси ништо за погонските единици, но затоа спомна некои детали околу електричниот модел „кангу зе“ и неговиот погон – кој во суштина е концептот прикажан во 2019 година. Ни цената не беше спомната, дури ни таа ориентационата, сè е оставено да биде обелоденето догодина за кога е закажана продажбата.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.