LAMBORGHINI-Според желбата на купувачот

28/07/2020

За малку повеќе пари и згора на тоа, ќе можете од дома, преку вашиот компјутер да си направите ваша конфигурација од моделот „авентадор“. Што значи тоа? Досега тие што сакаа автомобилот да биде кроен по нивни терк, мораа да одат директно во Санта Агата Болоњезе и таму со одговорните да седнат „те та те“, да отпочнат со кроењето. Отсега натаму кога некој ќе сака од серискиот да прави уникат, тоа ќе го стори без одење во дирекцијата на Ламборџини.

Господата од познатата марка на брзи автомобили, создале програма преку која се олеснува создавањето уникати од сериските. Кој сака посебен примерок Ламборџини направен по сопствена замисла, во смисла на боја на материјали, на детали итн, тоа му е овозможено сега од летово, од јули. И откако ќе договорите средба, ќе ве пречека господинот Џовани Перосини, првиот човек во комерцијалниот оддел на компанијата.

Во моментов, „ламборџини авентадор свј ксаго едишн“ и „ламборџини авентадор свј роудстер ксаго едишн“ се во игра за лично кроење и ќе бидат произведени изклучиво 10 примероци. Не само што ќе бидат 10 примероци во светот, туку секој од нив е приказна за себе бидејќи ќе биде правен по желбата на купувачот.

Според изјавата на италијанската компанија, изведбата „ксаго“ е инспирирана од хексагон обликот на облаците на Северниот Пол од планетата Сатурн и силината од хексагонот во природата. Купето е снабдено со веќе познатата  класика на Ламборџини од 12 цилиндри во V со 770 КС и вртежен момент од 720 Нм.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.