Замислете си ја ситуацијава, компанијата која на голема врата ги внесе сигурносните ремени во автомобилите на чело со нивниот иноватор Нилс Бохлин, денес е загрижена поради дефект на тие исти ремени. Сета збрка е околу затегнувачите кои во одредени услови и под одреден режим на работа не ги исполнуваат своите обврски, односно затегнувачите откажуваат послушност. И сега Волво ќе отповика околу 2,1 милиони возила произведени во периодот од 2006 до 2019 година.
Како што изјави производителот проблем со затегнувачите на сигурносните ремени имаат следниве модели: „с 60“, „с 60 л“, „с 60 цц“, „в 60“, „в 60 цц“, „икс ц 60“ , „в 70“, „икс ц 70“, „с 80“ и „с 80 л“. Оваа одлука со себе носи и зголемени трошоци, но главните во компанијата ниту спомнаа нешто за и околу финансиите, а не пак да даваат објаснување што и колку ќе чини сета операција – тоа е одлика исклучиво на вистинската господа, а не на самонаречените. Колку за ваша информација, Волво се откажа од парите што останатите компании се должни да му платат за користење на неговиот изум и сето тоа во служба на хуманоста и човештвото. Значи вистинската господа, а не самонаречената.
Жарко Атанасоски