SONY’S VISION S-ПРВИОТ АВТОМОБИЛ НА СОНИ

18/02/2020

Надалеку познатиот гигант Сони се вклучи во трката наречена електричен автомобил. Две – три години се ширеа гласини дека Сони подготвува нешто како електричен автомобил, но останатите производители не го сфатија сериозно предупредувањето и сега има забуна во „редовите“.

Прототипот што премиерно беше претставен на саемската манифестација во Лас Вегас, е наречен „вижн с“. Тоа е лимузина од високата класа со должина од 4,9 метри и електромотори кои испорачуваат дури 544 КС. Камери за видливост од 360 степени и следење на сообраќајот одзади, тоа значи дека нема ретровизори туку сè се следи преку камери. Автомобилот располага и со 33 сензори кои надгледуваат речиси сè, а неколку монитори во кабината наменети за подобро набљудување на надворешноста, служат и за забава – Сони воедно ја промовираше петтата генерација од играта „плејстејшн“.

Светскиот „фраер“ кога се во прашање тв приемниците, камерите, лаптопите, сега е присутен и во автомобилската индустрија. Можеби механиката не му е јака страна, но електрониката ја има на мал прст и сега се поставува прашањето кога автомобилот ќе влезе во сериско производство. При светската премиера Сони даде само штури информации за „вижн с“ и никакви за тоа дали Сони планира влез во индустријата на четири тркала. Нема да биде чудно ако и останатите производители на електрични и електронски апарати му се придружат.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.