Проект за индекс на зелени возила

01/06/2019

НА 1 ЈУНИ 2019 ГОДИНА ЗАПОЧНА ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ ЗА ИНДЕКС НА ЗЕЛЕНИ ВОЗИЛА (GVI), ФИНАНСИРАН ОД ПРОГРА- МАТА „ЕУ ХОРИЗОНТ 2020“. ФИА РЕГИЈА I ЈА ЗАФАЌА ТЕХНИЧКАТА КООРДИНАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОЕКТ, КОЈ Е ТЕСНО ПОВРЗАН СО „ЗЕЛЕН NCAP“ (GREEN NCAP).

 

Клубовите членки на ФИА Регија I се вклучени во „Green NCAP “ и GVI. Клубот ADAC ја надгледува програмата за верификација и валидација на лабораториските тестирања на педесет и едно возило. ACI ги води плановите за дисеминација и експлоатација за приватните и јавните чинители. ÖAMTC ќе креира извештај со насоки и ќе придонесе во активностите за дисеминација, додека TCS го води техничкото тестирање.

GVI е продолжување на проектот „Green NCAP“, иницијатива која го промовира развојот на чисти, енергетски ефикасни и еколошки автомобили. „Green NCAP“ користи различни тестови за испитување на перформансите на возилото и ги оценува преку рангирање со ѕвезди и индексен систем кој овозможува лесна споредба на перформансите на возилото во однос на животната средина. Амбицијата на проектот GVI е да се овозможи „Green NCAP“ да стане главна референца за индустријата, потрошувачите и властите во полето на еколошките перформанси на автомобилите.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.