BEUC претстави 3 начини за подобрување на електричното полнење на возилата

29/05/2019

НА 23-ТИ МАЈ, BEUC (ЕВРОПСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ПОТРОШУВАЧИ) JA ОБЈАВИ СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА ВО ВРСКА СО ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОЛНЕЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ.

 

Официјалната позиција постави три услови:

1. Пристапни точки за електрично полнење: BEUC утврди дека треба да постои правно обврзувачко распоредување и подобро финансирање од ЕУ за решавање на диспаритетот во бројот на станици за полнење низ цела Европа.

2. Едноставно користење и плаќање на местата за електрично полнење: BEUC се залага за воведување на „ad hoc“ полнење, односно за можноста корисниците на електрични возила да ги надополнуваат истите на „ad hoc“ основа, без да склучат до- говор со снабдувачот на електрична енергија или друг засегнат оператор. Ако ова не е можно, тогаш BEUC изјави дека треба да постои систем за роаминг, кога возачот ја користи станицата за електрично дополнување која му припаѓа на друг оператор со апликација / картичка на нивниот домашен оператор и притоа плаќа одреден надомест за тоа.

3. Тарифите (цените) за полнење да бидат фер, транспарентни и споредливи: кај многу места за полнење со електрична енергија, информациите за цените честопати се недостапни, за разлика од бензинските станици каде информациите за це- ните се задолжителни. Како резултат на тоа, BEUC препорача дека станиците за полнење треба да утврдат тарифи засновани на количината на електрична енергија со која е наполнет автомобилот (цена / kWh) и таквите информации задолжително да бидат прикажани.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.