ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
50 грама киноа
1/4 марула
30 грама маслинки
30 грама шери домати
20 грама ротквици
30 грама црвена зелка
10 грама суво грозје
10 грама лист од бадем
маслиново масло
сол
оцет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете киноа според инструкциите на пакувањето, а потоа исцедете ја и ставете ја во сад да се излади. На страна ситно исецкајте ја марулата, изрендајте ја зелката, шери доматитите пресечете ги на половинки, а маслинките и ротквиците на помали парчиња. Во садот со киноа додадете ги сецканите производи, зачинете со маслиново масло, сол и бибер по вкус. На крајот декорирајте ја салатата со листови од бадем.
Уживајте во неповторливиот вкус на оваа салата!
ДОБАР АПЕТИТ!