ПОРШЕ 911 СПИДСТЕР-НОВ „СПИДСТЕР“

21/05/2019

Минатата година, по повод 70 години од првиот направен автомобил, Порше претстави два концепта во спидстер изведба. Годинава тие концепти беа преточени во сериски автомобил „911 спидстер“.

Овој вид изведба е многу специфичен речиси во секој поглед. Штом ќе здогледате поршеов спидстер веднаш в очи паѓа неговото предно стакло бидејќи е пониско. Двата прозорца, исто така, се поинакви отколку кај класичниот кабриолет модел, пократки и имаат типично закривување на задниот дел. Потоа ролбарот, кој е сместен малку над потпирачите за глава, завршува 70-80 сантиметри зад нив губејќи ја висината во капакот на моторот.

Во новиот спидстер овој дел е направен од карбонски влакна, а страните се од полиуретански панели за да се намали тежината. Неговиот покрив, кој е изработен од посебно платно, рачно се подигнува и се спушта, исто како кај првиот спидстер од 1952, односно 1954 година, изведен од моделот „356“. Нема електромотори придружени со автоматика затоа што сето тоа е еднакво на помала тежина.

И менувачот е влезен во манирот наречен минус тежина. Седумстепениот е заменет со шестстепен затоа што е полесен за приближно 4,5 килограми, а да не зборуваме од менувачот „пдк“, автоматскиот со двојна спојка, од кој е полесен за 18 килограми. Така вкупната тежина на најновиот „911 спидстер“ е само 1.465 кг. Првиот спидстер изведен од моделот „911“ премиерно е прикажан во 1987 година на Салонот за автомобили во Франкфурт и една година подоцна
влезе во продажба.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.