Први клупски пешачки тури

30/04/2019

Три нови придружни тури беа лансирани од страна на Клупската Европската Туристичка Служба. Овие патувања ќе се случуваат помеѓу 2019 и 2020 година, на три различни, но прекрасни дестинации.

Првата планирана рута започнува во мај на Истрискиот полуостров, вклучувајќи ги и северните хрватски острови, со посета на Националниот парк на УНЕСКО и прекрасните водопади. Цената за две лица започнува од 2.180 фунти за пешачење во должина од околу 100км.

Втората нова рута е во Јужна Италија, Сицилија и Малта, и вклучува истражување на крајбрежните градови и вулканот Етна. Ова патување има цена од 4.175 фунти.

Третото патување е т.н “Италијанска работа од крилја и тркала” (The Italian Job by Wings and Wheels”), кое вклучува релокација на трајлери. Се состои од собирање на трајлери од фабрика во Тоскана и нивно враќање назад во Велика Британија, минувајќи низ локации како што се езерото Гарда, Швајцарија и Ремс.

По повод ваквите нови тури, Ричард Гримсдејл, директор за туристички услуги, рече дека тие се обидуваат да создадат патувања кои се различни од вообичаената рутина, но сепак многу вредни.

 

Благица Блажевски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.