NISSAN-„ТРОЈКА“ ВО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА

01/04/2025

Планетава е во исчекување на голем бран цунами од Далечниот Исток наречен Нисан и тоа со неколку подвидови. Најчудно е тоа што ниту еден од тие подвидови нема да биде погонуван од дизел мотор. Некои сѐ уште ги вградуваат дизелите, но ете покрај неколкуте производители и Нисан се најде меѓу нив. Првиот бран е именуван како „микра“. Да, токму така, „нисан микра“ повторно влегува во игра, овој пат на основа („ампр смол“) од неодамна претставената „петка“. Вториот цунами е „лиф“ само што оваа генерација, трета, нема да биде компактна комбилимузина, туку „сув“.

Потоа следи моделот „јуке“ со неговата трета генерација. Тука е некаде со димензиите како „рено 4“ и „рено 5“, така што се насетува од каде ја позајмил основата. И уште нешто, оваа генерација ќе биде целосно електрифицирана.

Сега малку ќе ѕирнеме во кругот на концептите, а таму нѐ дочекува „нисан хипер панк концепт“ за првпат прикажан во 2023 год. Неговиот дизајн многу потсетува на теренските возила и тука дизајнерите си поигруваат со деталите, ги направиле да бидат занимливи и привлечни за око. Така е со концептите, а кога истите ќе дојдат до сериско производство, тогаш тие занимливи детали исчезнуваат. Новиот „нисан јуке“ црпел инспирација токму од овој концепт, впрочем затоа го спомнавме.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.