PEUGEOT LANDTREK-ОБНОВУВАЊЕ НА МОДЕЛОТ „ЛЕНДТРЕК“

17/12/2024

Малку е чудно што Пежо до пред неколку години немаше теренско возило во облик на „пикап“. Чудно затоа што за потребите на војската, Пежо правеше возила од сличен тип. Добро, таква беше производната филозофија и стратегија на Пежо, а во денешно време, од 2020 година, моделот „лендтрек“ ја пополнува таа празнина. Во овој сегмент голема предност имаат американските и најмногу јапонските производители.

„Пежо лендтрек“ стаса до освежување, односно редизајн. Маската е сосема нова со нов браник и секако новиот заштитен знак, кој многу потсетува на тој од пред 40 и повеќе години. Задниот дел е исто така подновен со по некоја линија и нов одбојник (браник) или севкупно „лендтрекот“ доби поагресивен изглед, со доза на масивност. И натаму „војна“ се води против дизел моторите, а Пежо во обновениот „лендтрек“ вгради сосема нов 2,2 литарски дизел мотор со 200 КС. Покрај него има и 1,9 литарски со 150 КС и само еден бензински, 2,4 л со 210 КС. Силината од моторите се пренесува само на предната оска или на двете во зависност од изведбата. На пример 2,2 л дизел мотор со 200 КС има погон на сите тркала во комбинација со обичен шест степен менувач или автоматски со осум преноси. Класиката од камионет, популарно наречен „пикап“, има единечна (5,33 м) или двојна кабина (5,39 м), а колку е камионетот подигнат во однос на подлогата зависи од големината на тркалата. Најниската точка на „пежо лендтрек“ во однос на подлогата се наоѓа на висина од 214 мм, односно 235 мм и сето тоа во зависност од димензиите на тркалата, дали се 16, 17 или 18 инчни.

Има сензори, има камера која „снима“ во радиус од 360 степени, изведбата со погон на сите тркала има можност да бира во кој режим да се движи, нормален, спорт, снег и песок, има лед светла и секако екрани осетливи на допир, а за поврзувањето на вашиот мобилен со возилото, тоа се подразбира. Сето ова е прекрасно, но не е наменето за континентов (само за Африка, Азија со Блискиот и Средниот Исток и Ј. Америка). Каква е оваа Пежоова продажна филозофија?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.