TOYOTA RAV-X-ТЕРЕНСКА ИЗВЕДБА ОД МОДЕЛОТ „РАВ 4“

12/11/2024

Саемската манифестација СЕМА што секоја година се одржува во Лас Вегас, како да стана поле за претставување на концепт возила. Откако саемските изложби потклекнаа поради намалениот интерес на производителите да ги изложат своите најнови автомобили, дојде време тие новитети да бидат претставувани на останатите изложби, како на СЕМА. На пример, Тојота во последниве 10 год. не изложувала на сите големи саемски манифестации. Зошто и како, тие знаат, но затоа ги посетуваше помалите саеми со по некое возило.

На овогодишната СЕМА, Тојота подготви интересен сув правен на основа од надалеку познатиот сув „рав 4“ кој со години наназад е светски најпродаваниот. Всушност концептот „рав икс“ е друга димензија на секојдневниот „рав 4“, односно подготвен во манирот на теренските возила учесници на релито Дакар, најтешкото на планетава. Сега се поставува прашањето дали Тојота сака од моделот „рав 4“ да произведе и вистинска теренска изведба или ќе оди со „рав 4“ на релито Дакар? Или, пак, се подготвува и за едното и за другото. За уште поголема продажба на серискиот „рав 4“ добро е да му се придружи и теренска изведба. Концептот „рав икс“ е мошне убаво скроен од дизајнерите, така што сета работа е завршена уште сега. Тојота уште малку ќе прослави еден век откако го има направено првото теренско возило, така што знаењето е на нејзина страна.

„Тојота рав икс концепт“ е повеќе од допадлив и преостанува само челните раководители да се договорат и да решат кога ќе започне сериското производство. Сето тоа Тојота може да го стори за време од неколку минути, но тоа е наша желба или да ја наречеме шпекулација, а што производителот навистина мисли треба допрва да се изјасни. Колку за информација, посетителите на СЕМА 2024 беа воодушевени од спомнатиот концепт, одзивот на публиката е повеќе од добар и сега е ред производителот да го направи следниот потег.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.