ALFA ROMEO 33 STRADALE-„33 СТРАДАЛЕ“ ВО КРАЛСКО СИНА БОЈА

11/03/2024

На почетокот од месец март, Алфа Ромео пушти во етер неколку фотографии од супер моделот „33 страдале“, но во нетипична боја за марката, односно сина. Таа боја и не е така нетипична, затоа што на почетокот од минатиот век, голем број тркачки автомобили имале сина боја, попозната како тркача сина боја. И Бугати, и Рено, и Алфа Ромео, и Алпине, и уште многу други марки, нивните тркачки автомобили имале сина боја. Тоа значи дека сината боја на новата „33 страдале“ не е нетипична. Токму од таа причина се појавува сега на еден од 33 примероци „33 страдале“. На времето во 1967 год. кога за првпат се појавува „алфа ромео 33 страдале“ (2,0 V8), еден примерок бил сино бојосан. За него велат дека е некаде во земјата на: чоколадото, парите, сирењето и Алпите и дека сѐ уште е во возна состојба, односно како нов. Затоа денес еден од тие нови 33 примероци е бојосан во кралско сино, блу реале на италијански. Сепак секој купувач може да си нарача било која друга боја, производителот не ги ограничува само на традиционално црвената.

Да се потсетиме. Новата „алфа ромео 33 страдале“ се појави минатата година во август и е директен потомок (или некој вид близнак) на истоимениот модел што се појавил во 1967 година, произведен во само 18 примероци. Како основа за создавање на новиот модел послужил „масерати мц 20“. Моторот е V6 со зафатнина од 3,0 л и засилен со двоен турбо полнач. Изведбата со овој мотор поседува 620 КС, а таа електрифицираната 750.

Значи проблемот на „лежи“ во тоа која боја да биде одбрана. Тешка задача за тие 33 сопственици, но не и за тие што ја нарачале црвената боја.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.