ABARTH 695 75°-ПОСЕБЕН РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК

20/02/2024

Светот на спортските и тркачките автомобили ја памети годината 1949 по основањето на работилницата Абарт од страна на Карло Абарт (Карл Алберт Абарт). Тој ги фризирал малите автомобили од марката Фиат, односно ги подготвувал за тркачките патеки.

Денес Абарт е под капата на Фиат, односно претставува своевиден спортски оддел, нешто слично на Тојота со ТГР (Тојота Газу Рејсинг), на БМВ со М (Моторспорт), Мерцедес со АМГ и сличните на нив.

По повод 75 годишнината од основањето на компанијата, Абарт припреми посебна изведба од фиатовиот модел 500, кој е наречен „695 75 аниверзарио“. „695“ затоа што тоа е најбрзиот Абартов фризиран модел, бројка која е задржана сѐ до денес. Јубиејниот модел ќе биде произведен во 1.368 примероци, според зафатнината на моторот – 1.368 ссм. За од него да бидат „извадени“ 180 КС, конструкторите покрај двете брегасти во глава, 16 вентили и посебниот систем за вбризгување гориво во цилиндрите, вградиле и турбо полнач модел „гт 1445“ марка Гарет. Амортизерите „кони фсд“, издувниот систем е „рекорд монца“, сопирачките се од марката Брембо и тркала од златно обоена легура. Таа златна боја е присутна насекаде, потписот Абарт на вратите, потоа колку што е голем покривот толку е голем и заштитниот знак на Абарт во златна боја. И рабовите од седиштата, марка Сабелт, се во златна боја. Златната боја е ставена да се нагласи јубилејот, а златото е синоним за нешто вредно што треба да се почитува. Од оваа јубилејна изведба, само „695 бипосто“ е побрз – има 997 кг, односно 5,2 кг/кс. Со неговите 190 КС од 0 до 100 км/ч потребни му се само 5,9 секунди, а на роденденскиот примерок потребни му се 6,7 и постигнува максимални 225 км/ч.

„Абарт 695 75 аниверзарио“ ќе се продава по цена од околу 40.000 (?) евра и ќе има само приближно 1.368 сопственици, затоа што неколку примероци ќе бидат сместени во музеј.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.