HYUNDAI IONIQ 5-„ЈОНИК“ ЗА ТРКИ

14/12/2023

Хјундаи забрзано работи на тркачка изведба од моделот „јоник“, односно „јоник н“. Првиот е обичен, а вториот е тој со малку повеќе силина, точно 650 коњи. Да напоменеме уште сега, моделот „јоник“ е целосно електричен и токму така Хјундаи подготвува целосно електричен „јоник“ за трки. Неговото име е „јоник 5 е н 1“. Кога се прави тркачки автомобил многу нешта не се исти со серискиот (или со тој спортскиот). Ист е случајот и со „јоник 5 е н 1“, поширок, понизок (најниската точка се наоѓа на само 70 мм од асфалтот), полесен за дури 230 кг и има посебни безбедносни доправки пропишани според правилата на ФИА. Засега ништо не спомнуваат за погонската единица и останатите технички податоци, можно е моторот да остане ист како во сериската спортска изведба со 650 КС и максимален вртежен момент од 770 Нм. Како што вели производителот, тркачката изведба треба официјално да се појави наредната година во февруари. Тоа значи дека Салонот за автомобили во Женева е закажаното место, а ќе почне да се трка неколку месеци по светската премиера, поточно во мај.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.