Škoda Enyaq ја доживеа својата македонска премиера. Електричниот SUV на чешкиот производител бележи одлични резултати ширум Европа, а сега пристига и на македонскиот пазар каде ќе се нуди во неколку варијанти. Препознатливиот комфор и практичност на чешкиот бренд, надополнет со докажаниот електричен погон и батеријата која нуди одличен опсег на движење, се доволни адути за Enyaq да стане омилен и на македонскиот пазар.
Купувачите ќе имаат можност да го персонализираат својот Škoda Enyaq со серија опции, почнувајќи од двете каросериски изведби (SUV и Coupe SUV) преку четирите различни нивоа на опременост како Clever, Plus, Advanced и Maxx, па сѐ до дизајнерските пакети кои се четири на број (Lodge, Lounge, Suite и Eco Suite), кои нудат различен амбиент и уникатност кои ветуваат дека ќе задоволат сечиј вкус, додека на врвот на понудата се наоѓа Enyaq Sportline.
Цените на македонскиот пазар стартуваат од 53.490 евра за „обичниот“ Enyaq, односно 55.620 евра за Coupe верзијата. За Sportline варијантата, купувачите ќе треба да издвојат 60.310, односно 62.070 евра за Enyaq Coupe. Како дел од стандардната опрема, купувачите уште на стартот ги добиваат, меѓу другото, сите безбедносни системи кои се достапни кај сите верзии, LED предни и задни светла, 13-инчен Amundsen екран наменет за инфозабавата, двозонски клима уред, панорамски покрив, сензори и камера за паркирање, адаптивен темпомат, 5,3-инчен дигитален инструмент кластер и ред други додатоци.
Кога станува збор за погонските спецификации, вреди да се истакне дека Enyaq за 2024 година добива поефикасна батерија која има капацитет од 82 kWh и овозможува опсег на движење од 565 километри. Исто така, електричниот SUV располага со погон на задните тркала како стандард, а како опција тука е верзијата 85x со погон на сите тркала.
Миле Станчев, Бренд Менаџер за Škoda изјави: „Со лансирањето на Enyaq отпочнува нова ера за Škoda. Ова е нашиот прв целосно електричен и еколошки автомобил. Со лансирањето на овој модел, електричната мобилност ја правиме Simply Clever – со голем досег, брзо полнење и лесно ракување. Освен што е еколошки, Enyaq е и исклучително забавен и возбудлив за возење, што се отсликува преку техничките податоци за забрзување од 0 до 100 км/ч за само 6,7с и максимална брзина од 180 км/ч .