Знаменосецот во семејството, моделот „7,“ лимузина од премиум класа, со моќни погонски единици, префинет и удобен оддел за патници и што уште нѐ, отсекогаш предизвикувал почит кај љубителите на автомобилите. БМВ има навика од најголемата лимузина да извади и блиндиран модел. Овој пат тој модел е наречен „протекшн“. Таа заштита од куршуми и разни експлозивни направи е правена според стандардите пропишани од лаборатории, а заштитата која ја нуди „бмв 7 протекшн“ е означена со „вр 9“. Покрај задоволување на меѓународните стандарди за блиндирање автомобили, лимузината е подложена на испитувања и од домашното здружение на лаборатории за испитување на материјали и конструкции отпорни на напади од огнено оружје. Надворешноста на блиндираната изведба воопшто не се разликува од надворешноста на обичните изведби, така случајните минувачи нема да приметат разлика или разлики гледано однадвор.
Стандардната изведба во себе има бензински V8 мотор со 4,4 л зафатнина развива 530 КС со помош на турбо полнач. Таа силина се пренесува на двете оскипреку автоматски менувач кој, пак, гарантира солидни брзински способности, од 0 до 100 км/ч за 6,6 сек. и крајна брзина од 210 км/ч. Овој мотор е со умерена хибридна технологија и 48 волтна технологија. Покрај оваа класична изведба, БМВ за првпат нуди блиндирана лимузина на целосно електричен погон. Како погонски единици има два електромотори, по еден за секоја оска. Развива 544 КС и 745 Нм максимален вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 9,0 сек. а крајната брзина е 160 км/ч. Потрошувачката на струја изнесува 30 kWh на 100 изминати километри. Интересно е да се спомне способноста на пневматиците именувани како „ранфлет“ од производителот Мишелин. Автомобилот може да се движи со брзина до 80 км/ч и покрај тоа што се издишани. Вакви слични се наоѓаат на секоја педа од автомобилот и затоа ги задоволува стандардите означени со „вр 9“.
Првичното претставување пред светската јавност ќе се случи во септември, некаде во центарот на Минхен каде ќе се одржи новото издание на автомобилската изложба.