MAHINDRA THAR E CONCEPT-КЛАСИКА ОД СУВ И ОД МАХИНДРА

22/08/2023

Од локален играч, Махиндра стана светски и сега ја покажува сета своја умешност со  електричните возила. Најновото е сув концептот „тар е“ прикажан на саемот во Малезија. Концептот „тар е“ е теренско возило со супериорни особини според најавите од производителот и вели дека серискиот модел ќе биде најдобар во класата во аголот на приоѓање при искачување на нагорнина, аголот на напуштање на надолнината, опчекорување на испакнатина и најдобар при совладување водени површини. Производителот го нагласува растојанието од 300 мм од најнискиот дел од возилото до подлогата.

На изложбата беше прикажан моделот со пет врати, но одговорните најавуваат производство и на изведба со три. „Тар е“ ќе ја користи платформата Ингло (ИНдија ГЛОбал), а меѓуоскиното растојание ќе биде помеѓу 2.775 и 2.975 мм. Што се однесува до погонските единици, досегашните махиндрини возила кои ја користат спомнатата основа, во сите се вградени мотори од БЈД (Билд Јуар Дримс). Засега не се знае дали и натаму ќе бидат вградувани моторите од БЈД.

Кога зборуваме за дизајнот тој е во манирот на класиката, чисти линии проткаени со аглести облици. Очигледно дизајнерскиот тим одел кон тоа да го обликува возилото и притоа да ја истакне агресивноста.

Да не заборавиме да го спомнеме следново, дизајнерската куќа Пининфарина сега е во рацете на Махиндра, така што можно е дизајнот да е потпишан од познатото име. И уште нешто за дизајнот – класичниот облик на теренските возила повторно е во мода. Секој производител на теренци ги негува чистите линии каде преовладуваат коцкестите површини.

Производството на „махиндра тар е“ треба да започне во втората половина од наредната година, а испораката е закажана за почетокот од 2026.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.