VOLVO EX30-НАЈМАЛ, НАЈБРЗ И НАЈПРАКТИЧЕН

09/06/2023

И конечно долго најавуваниот најмал сув модел од Волво е претставен на 7 јуни во Милано, точно во 13:30. Точно е тоа дека „волво е икс 30“ е најмалиот во семејството, но воедно е и најбрзиот од 0 до 100 км/ч – потребни му се само 3,6 секунди. Малку претерале, зарем не!? Најмалиот е наменет за секојдневна употреба, за тие што имаат да платат 35, односно 36.000 евра за основниот модел. За сув возило кое е наменето и за млади брачни парови, малку е дискутабилна таа негова квалификација во семејството за најбрз со забрзување кое трае 3,6 сек.

Димензијата е таа која го дели од останатите сув возила во Волво, а останатото е исто.  Најновиот член ги има следниве димензии; должина 4.233 mm, ширина 1.837 mm, висина 1.549 mm, растојанието меѓу оските е 2.650 mm, додека одделот за товар располага со најмалку 318, односно најмногу 904 литри. Удобноста, практичноста и секако луксузот се подеднакво исти како и кај, на пример, „икс ц 60“. Целосно електрифициран со батерија која се дополнува по секои изминати 480 км. Можно е и брзо полнење, од 10% до 80% потребни му се помалку од 30 мин.И пред да настане некоја забуна, квалитетот е тој истиот, Волво квалитет. Некои се прават умни и нагласуваат дека ако е најевтиниот во гамата, тогаш квалитетот не е ист со тие поскапите.

Има изведба со погон на предна, но и на двете оски. Платформата која ја користи најмалиот Волво е таа на Гили која ја користат и возилата од марката Зикр. Таа основа овозможува сместување на една или две погонски единици.

Продажбата е закажана за почетокот од наредната година, а за основниот модел ќе треба да издвоите 35.000 долари, односно скоро 36.000 евра. За „волво е икс 30“ велат е најмал, најбрз и најпрактичен, така изјавија за време на првичното претставување пред светската јавност. Производството ќе се одвива во Кина.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.