HYUNDAI AVANTE (ELANTRA)-„НАОСТРЕНАТА ЕЛАНТРА“

16/03/2023

Уште на почетокот од годинава „хјундаи елантра“ излезе на мегдан и тоа по осми пат. Производителот ги објави првите официјални фотографии, покажувајќи го вистинското, односно обновеното лице на популарниот модел. Очигледно е настојувањето на дизајнерите да ја истакнат агресивноста, малку повеќе аглести детали како на предниот така и на задниот дел, но тие остри аголни линии ги има и на вратите и крилата. Тоа значи позајмување малку од острината на Ламборџини.

Тоа со позајмувањето на „острата аголна“ идеја и не е така лошо затоа што обновената „елантра“ сега е подопадлива, повеќе ги „скокотка“ очите на случајните минувачи. Хјундаи решил овој пат најновиот модел најнапред да го најави, а светската премиера да биде подоцна. Познато е следново, екраните осетливи на допир располагаат со 10,25 инчи дијагонала, два нови дизајни за алуминиумските тркала,две или три нови бои за каросеријата,1,6 л, 2,0 л погонските единици, и секако изведбата со буквата „н“ со силина од 286 коњи и се разбира во нив ќе биде присутна хибридната технологија. И покрај тоа што моделот „елантра“ е само обновен, сепак многумина го прогласија за осма генерација. Најнапред ќе се појави на домашниот пазар, а дури потоа на другите, редоследно според тоа кои од нив се од голема важност за производителот.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.