NISSAN MAX-OUT-ДИЗАЈНЕРСКИОТ „КВАРТЕТ“ НА НИСАН

09/02/2023

Малку невообичаено за Нисан да претставува концепти толку често и згора на тоа обликот да наликува футуристички, а според нас има многу нешта од минатото исфилувани со иднината. Се сеќавате на концептите „сурф аут“, „хенг аут“ и „чил аут“? Најновиот носи име „макс аут“ и без двоумење го прогласуваме како продолжение на тројката претставена во 2021 година.

„Нисан макс аут“ е кабриолет претставен во кругот на компанијата Нисан во Јокохама. Со овој концепт Нисан ја збогатува својата колекција на преубави концепти кои се дел од Иднината на Нисан (Nissan Futures), еден вид манифестација преку која производителот сака да го навести правецот во кој ќе се развива обликот на идните возила. Концептот  беше претставен на 4 февруари и ќе биде изложен до 1 март.

Нисан со овој концепт сака да ги нагласи следниве својства: врвна стабилност и врвна удобност, потоа лесната конструкција и динамичкото снаоѓање на автомобилот во свиоците и директниот управувач. Ако Нисан успее да ги вткае сите спомнати својства во еден автомобил тогаш ќе го има еден од најдобрите автомобили во светот.

„Нисан макс аут“ има електричен погон и силината од моторите се пренесува на сите тркала преку ново создадениот систем наречен „е – форс“ составен од два електромотори и погон на сите тркала.

Концептот го краси досега невидена линија и ако Нисан не го внесе во сериско производство, многу ќе згреши. Всушност веќе ја направил грешката, трите спомнати концепти од 2021 фаќаат прашина во некое депо. Штета ако „квартетот“ „сурф аут“, „хенг аут“, „чил аут“ и „макс аут“ и натаму продолжат да фаќаат прашина.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.