Во последниве неколку години беа претставени повеќе хипер автомобили, состојба која е малку чудна затоа што досега историјата на четири тркала не памети толку многу врвни спринтери во тoлку кус временски период.
Деновиве стигна вест од Чешка и нејзиниот производител Прага, за скорашно претставување на хипер автомобил. Како што велат од таборот на компанијата тестирањата се во завршна фаза, така што производството треба наскоро да започне, а претходно би требало да биде претставувањето пред светската јавност, најверојатно кон крајот на ноември. Чешка која некогаш значеше нешто во автомобилската индустрија, по подолга пауза се враќа и тоа одеднаш и не со било што туку со хипер автомобил. На сето ова компанијата гарантира голема силина во погонската единица и мала тежина на автомобилот – моќен бензински мотор и конструкција од јаглеродни влакна.
За 2023 година планирано е производство од само 12 примероци. Производителот не се изјасни дали секоја година ќе бидат произведувани по 12 возила, или таа количина е за првата година, а потоа ќе следи нов распоред во производството.
Жарко Атанасоски