Висока технологија-ВОЗДУШНА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА СО „ЕВИЕЈШН АЛИС“

06/12/2022

НЕМА ИЗДУВНИ ГАСОВИ ВО АТМОСФЕРАТА, А ПРИ ЛЕТАЊЕТО ЗАГАДУВАЊЕТО ОД БУЧАВА Е НАМАЛЕНО ЗА СКОРО 30 ОТСТО. ТОА СЕ ДВЕТЕ ПРИДОБИВКИ ОД АВИОНОТ „ЕВИЕЈШ АЛИС“ КОИ СВЕТОТ ВО МОМЕНТОВ МНОГУ ГИ ПОЧИТУВА. ПРВИОТ КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ, СПОРЕД ПЛАНОВИТЕ, ТРЕБА ДА СЕ ОСТВАРИ ВО 2027 ГОДИНА, А ДОТОГАШ АВИОНОТ ЌЕ БИДЕ ПОДЛОЖЕН НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕСТИРАЊА

 

Електрификацијата не е присутна само во автомобилската индустрија и нејзините производи, туку е длабоко навлезена и во авијацијата, а да не зборуваме за пловилата, индустрија во која електрификацијата е навлезена пред повеќе децении, особено во подморниците. Неколку пати сме пишувале дека првото масовно производство на електромобили се случило пред повеќе од еден век, но тогашните одлучиле да им дадат предност на возилата со ото и дизел мотори, а електричните престанале да ги произведуваат. Тоа била игра за поголем профит, игра во која заштитата на човековата околина е непознат чинител кој не бил тема на разговори и предавања за штетноста на веќе спомнатите ото и дизел мотори.

Овој текст ќе го посветиме на израелската компанија Евиејшн и нејзиниот аероплан наречен „алис“. Можеби името е „извадено“ од детскиот филм „Алис во земјата на чудата“, приказна во кој малото девојче запознава чудни и воедно занимливи ликови во земја која постои само во сништата и во филмовите. Оваа алис со крила конструирана да лета, претставува реална слика, а не сон, затоа што на 27 септември се вивна во воздухот и направи осум минутен лет, за потоа безбедно да слета. И сето тоа на електричен погон сместен во два мотори. Компанијата Евиејшн постои од 2015 година, а нејзината единствена цел е да конструира и произведува летала. Првото прототип летало е претставено во 2017 со кабински простор кој наликува на триаголник со заоблени темиња. Посебниот облик го прави леталото да биде едно и единствено во светот на леталата. Именувано како „алис“ се појавува и на Салонот за аеронаутика во Париз во 2019 год. а на 27 септември леталото „евиејшн алис“ направи својот прв лет. Притоа леталото било во воздухот осум минути и се искачило до висина од 3.500 стапки. Летот минал успешно, без никакви проблеми и притоа леталото собрало корисни податоци кои ќе послужат за понатамошни подобрувања на леталото.

Евиејшн алис е релативно мало летало со 2 + 6 (или седум) седишта, две за пилотите и шест (или седум) за патниците, но во подготовка е кабина со 2 + 9 седишта, но со намален товарен простор. Оваа изведба е наменета за комерцијална употреба, но ќе има и луксузна изведба во која просторот ќе се уредува според желбата на купувачот, секако во склад со претходно утврдените конструкторските решенија. Трите изведби ќе бидат на располагање на купувачите од 2027 година, а дотогаш ќе трае добивањето дозвола за лет од ФАА, односно дотогаш ќе трае сертификатот на леталто. Така е според планот на производителот, а што навистина ќе се случи, ќе дознаеме за неколку години. Во меѓувреме неколку компании кои вршат воздушен превоз на патници и материјални добра веќе нарачале вкупно околу 150 летала. Авионот е долг 17,4 метри со распон на крила од 19,2 м, додека неговата висина изнесува 3,84 м. Со едно полнење на батериите „евиејшн алис“ изминува 467 км и притоа може да понесе тежина од околу 1,3 тони.

Со развојот на батериите, кои во иднина ќе бидат полесни, бројките за радиусот на летање и тежината при полетување и слетување ќе оди во нагорна линија, тоа значи полесен авион повеќе километри лет и поголема носивост. Според конструкторите авионот е способен да постигне брзина од околу 475 до 547 км/ч.

Полека но сигурно леталата добиваат струја наместо керозин и забрзано влегуваат во светот на електрификацијата која со себе носи почист воздух и до 30 отсто помала бучава во однос на бучавата која ја предизвикуваат клипните, турбофан и млазните погонски единици.

 

Жарко Атанасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.