MITSUBISHI ASX-НАРЕДНАТА ГОДИНА СОСЕМА НОВ „А С ИКС“

04/10/2022

Требаше да поминат 12 години за Митсубиши да претстави нов „а с икс“. Зошто е тоа така, затоа што имаше премногу талентирана менаџерија која успеа, од шампион над шампионите на релито Дакар и од марка која жареше и палеше во Светскиот шампионат во рели, да го доведе надалеку познатиот производител до финасиски колапс. Денес Митсубиши е заедно со Рено и Нисан и допрва ќе видиме до каде ќе стаса.

На располагање се мотори со силина во распон од 90 до 160 КС, поголема дигитална табла со инструменти и повеќенаменски екран (со дијагонали од 7,0 и 10,25 инчи), поголем товарен оддел за дури 70 литри во однос на претходната генерација.

Моторите имаат работна зафатнина од 1,0 (90 КС), потоа умерен хибрид со мотор од 1,3 литри со 140 и 160 КС. Хибрид со 1,6 л. бензински мотор со вкупна силина од 145 КС и на крајот е моторот со најмногу силина (160 КС) извлечена од истиот 1,6 л. но сега со два електромотори. Да напоменеме, сите мотори со внатрешно согорување имаат турбо полнач. Продажбата ќе започне следната година, а за цената ќе почекаме, засега Митсубиши нема ништо објавено.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.