Колумна своерачно-ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОТСЕГА

06/09/2022

ФОРМУЛА 1 ГИ ДОЗНА ПРАВИЛАТА ПО КОИ ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРААТ ТРКИТЕ ОД 2026 ГОДИНА ПА НАТАМУ

 

Со потфрлањето да направиш добар план всушност планираш да потфрлиш“ е познатата изрека која му се припишува на Бенџамин Френклин, американски изумител и државник од 18 век. Денеска планирањето дури е предмет во некои образовни насоки, а одредени големи компании имаат и свои одделенија што се занимаваат со такви плански активности.

Кога станува збор за Формула 1, треба да имаме предвид дека тоа е првокласен светски спектакл, кој од минатата декада е воден и управуван од американска компанија, Либерти медија, која што стана мнозински сопственик на промоторската компанија што раководи со организациската страна. Правилата и натаму „ги пишува“ светската автомобилистичка организација ФИА, но промоторот е оној што ги обединува тимовите како учесници од една страна, и федерацијата како технички организатор од друга страна. Благодарение на таквата улога на промоторската компанија, која му беше доверена на Берни Еклстоун како поранешен возач и соп- ственик на тим кон крајот на минатиот век (додека претседател на ФИА беше Макс Мозли), концептот продолжува и денеска.

Учесниците потпишуваат договор од кои произлегуваат нивните права и обврски околу нивното учество во спортот, кое на крајот се ефектуира и со поделба на парите од ТВ правата што спортот ги заработува преку промоторската компанија. Во тој договор, секогаш во извесен дел се гарантира и стабилност на правилата, бидејќи на тој начин и учесниците се обезбедуваат дека нема да треба да инвестираат неповратни средства во развој на нови технологии со кои би се труделе да го направат своето возило поконкурентно. Вака гледано, носењето на правилата во 2022 година очигледно било поттикнато од некакви интереси, за што постоел консензус меѓу сегашните учесници, но и оние кои би можеле тоа да бидат.

Веќе долго време се шпекулира со влез на групацијата Фолксваген во Формула 1, па новиот сет правила очигледно е „пречистен“ со нивните претставници кои ќе станат дел од две различни екипи. Порше се очекува да купи половина од тимот Ред Бул, додека Ауди веќе потврди дека ќе има свој посебен тим. Тоа значи дека нивните визии за иднината на автомобилизмот се прекршуваат низ призмата на правилата во Формула 1, која е најголемата подвижна лаборато- рија за автомобилските фабрики.

Документот со правилата бил подготвен уште пред изборното собрание на ФИА, кога Мохамед бин Сулајем го наследи Жан Тод, но шестмесечното одложување на усвојувањето се толкува дека било направено во насока на комплетна проверка на сите поединости. Носечки се четири теми, при што главен детаљ е редизајнот на моторот со исфрлање на турбината од моторот од системот за производство на електричната енергија. Ова е моментот за кој се шпекулира дека бил пресуден за вклучувањето на Порше и Ауди, иако тоа значи дека тоа е враќање на Формула 1 на технологијата користена меѓу 2011 и 2013 година, но со втор акцент на зголемениот капацитет на електричната енергија за три пати. Третата поента се вештачките горива која што се прокламира дека ќе биде пријателска кон човековата околина, иако ЕУ уште од сега донесе забрана за мотори со внатрешно согорување по 2035 година. Четврт и последен засега темел на новиот договор е лимитот на буџетите, кој треба планирано да порасне од 95 на 130 милиони долари.

Иднината на автомобилизмот ќе се базира на овој документ. Поупатените можеби знаат да прочитаат и нешто друго меѓу редови, но некој „неупатен“ може да помисли и дека Формула 1 комплет- но се врти кон американскиот пазар, без оглед што се мисли во ЕУ. Времето ќе покаже. Туку, вие каде планирате за Новата 2027 година?

 

Александар Табаковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.